Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски во својот говор на митингот на владејачката партија што вечерва се одржа во Струга, најави голема инвестиција од Геманија во Охридско – струшкиот регион во областа на автоиндустријата.
Тој нагласи дека информацијата за инвестицијата ја добил непосредно пред митингот во Струга, потенцирајќи дека нема дозвола да го спомене името на заинтересираната компанија, но сакал да ја сподедели убавата вест со граѓаните.
-Во таа компанија ќе се вработат многу луѓе од Струга и Охрид и ќе го вадат својот леб од таму, рече Груевски пред стружани.
Тој појасни дека станува збор за инвестиција која на почетокот ќе функционира како браунфилд инвестиција, осносно во некој од постоечките фабрички капацитети во регионот додека германксиот инвеститор не изгради нова фабрика.
OhridNews