Ист број луѓе ќе се вработат и по основ на тоа што потекнуваат од многудетни семејства, 400 лица ќе се вработат по основ на самохрани родители и еднородителски семејства, а уште 400 луѓе ќе се вработат по основ на тоа што потекнуваат од семејство каде што нема ниту еден вработен.
„При вработувањето на овие 1.600 лица ќе се примени принципот на еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија, согласно Уставот и одредбите на Охридскиот рамковен договор“, рече Груевски.
Тој појасни дека во однос на образовната структура на овие 1.600 лица, ќе се применат процентите на образование на невработените лица во Република Македонија со основно, средно стручно, средно, вишо, високо образование и постдипломски студии.
„Би сакал да истакнам дека оваа мерка на Владата на Република Македонија се носи имајќи ја предвид тешката социјална положба на луѓето опфатени во овие четири категории, а имајќи предвид дека веднаш потоа ќе следи донесување на новиот Закон за јавна администрација, кој предвидува исклучително високи критериуми за вработување во јавниот сектор, со предност за најквалификуваните и најдобрите според степенот на образование, знаење, стручност и капацитет“, рече Груевски.
извор: Макфакс