Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку својот официјален профил на социјалните мрежи се обрати за новонастанатата ситуација во Македонија, односно за упадот и нападот на пратениците во Собранието по изгласувањето за Талат Џафери за нов претседател.
– Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДСМ и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на овие антидржвани постапки на СДСМ преку правни и политички демократски средства. – стои во статусот на Груевски на социјалните мрежи.
Итна пресконференција најави претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, а реакција за немилите сцени во Македонија има и од европските преставници.
OhridNews