Булеварот “ Железничка“ во употреба го пушти премиерот Никола Груевски, без да го покани градоначалникот Александар Петрески како домаќин и прв човек на градот во кој се наоѓа оваа сообраќајница, стои во дописот испратен од Локалната самоуправа.
– Ваквиот потег на премиерот Груевски се граничи со дното на политичката комуникација со луѓето кои не се членови на неговата ВМРО- ДПМНЕ. Груевски во промотивниот говор рече дека “ Железничка“ е проект на владата тежок 2,5 милиони евра, но заборави или не сакаше да каже дека во изградбата на оваа сообраќајница Општина Охрид има вложено 700.000 евра, а потрошени се многу средства за експропријација и ослободување од комунални давачки, велат од локалната самоуправа.












