Ние понудивме две решенија, прво брзи парламентарни избори заедно со локалните избори и нема да се потрошат и други пари, бидејќи тие избори и онака треба да се одржат на секој четири години, изјави во интервју за Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„На една од анкетите кои што ги направивме над 70.000 граѓани кои се со македонска националност ценат дека треба да се оди на други предвремени избори, а само 12 проценти се искажале дека не сакаат нови избори, тоа значи и дека многу од луѓето кои го поддржуваат СДСМ се за предвремени избори. Па таму Зоран Заев нека ја претстави својата платформа, нека ја претстави бинационалноста и сите работи што доаѓаат по неа, како што се бинационализација, и сл. Тој нека излезе пред граѓаните и ако тие му дадат поддршка во ред, затоа велам излез од кризата се предвремени парламентарни избори.“ порача Груевски.
Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, државата е во опасност и народот треба да ја одбрани, бидејќи може да ја нема доколку се остави на Заев и неговите сценаристи.
– Народот е над политичираите и нека му ја мислат политичарите што одат против волјата на народот, ние не одиме против волјата на народот.Тој што оди против народот реализирајќи интереси на друга држава и на други сили, тој нека му ја мисли што може да го снајде од народот ако вака продолжи да оди спроти неговата волја. Потребно е народот да си ја одбрани својата држава бидејќи може да ја нема. – рече Груевски
OhridNews