Очекувам убедлива победа на локалните избори. Опозициската СДСМ е свесна за тоа и затоа уште сега кажуваат дека нема да им биде репер бројот на градоначалници што ќе го освојат тие и ние, туку советниците и учеството во општинските совети,  изјави вчера премиерот Никола Груевски.

Според него, тоа значи дека СДСМ знаат оти убедливо ќе изгубат и затоа отсега си подготуваат терен, дека за нив  не  е важен бројот на градоначалници што ќе го добијат колку што е важно нешто друго.

– Индиректно, несвесно, потсвесно, … јавно кажуваат дека на следните избори не очекуваат победа  бидејќи не знам како не може да им биде важно колку градоначалници ќе имаат на следните локални избори. Ако зборуваме за локални избори, а градоначалниците не им се репер, тогаш нешто или не е во ред со нив  или ние не ги арзбираме добро работите, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој  истакна дека е цврсто убеден дека поддршката од граѓаните ќе биде кон ВМРО-ДПМНЕ, заради, како што рече, нашата посветеност, одговорност и  тоа што овие тешки околности на светска економска криза и последователна  европска должничка криза проследена со рецесиија правиме се што можеме да го исполниме тоа  што сме го ветиле. Очекува поддршка и затоа што смета оти проектите на Владата се видливи.

– Секој може да ги види, секој може да влезе во спортска сала, во реновирана болница, да ги види апаратите,  оние кои работат  во земјоделството да ги почувствуваат субвенциите. Можат да се видат над 200 локални  патишта што се изградија во изминатите години низ сите ошптини во државата  и многу други проектио кои се од секојдневна  корист за граѓаните, посочи Груевски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ вотекот на претстојнава седмица ќе објави повик на кој својот интерес за кандидирање за градоначалничка функција од редовите на  нивната партија ќе може да го пројават членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и тие што не се членови, а се поддржувачи на политиката на партијата.

OhridNews