Премиерот Груевски потврди дека од март годинава пензионерите, социјалците и вработените во државната администрација ќе добијат за пет отсто поголеми примања, што е предвидено со буџетот за 2014 .

Груески додаде дека во време кога поголем дел од земјите ги намалуваат платите, пензиите поради европската должничка криза, земјава поради стабилната економска политика и правилното управување со буџетските средства има можност, начин и сила да дозволи зголемување на примањата на наведените категории граѓани.

OhridNews

извор:Макфакс