Груевски пред претставниците од компаниите Сименс и БМВ ги презентира условите за инвестирање и почнување бизнис во Македонија.

На средбите кои ги остварија премиерот Груевски и владината делегација, со раководството на овие две компании, биле презентирани реформите што се преземаат во Македонија, со цел фирмите да почнат процес на подетална анализа.

Покрај средбите во „Сименс“ и БМВ, владиниот тим кој престојува во неколкудневна посета на Германија, ќе се сретне и со претставници на неколку компании од автомобилската индустрија.

Можностите и поволностите за инвестирање владиниот тим ќе ги претстави и на Македонско-германскиот бизнис форум во Минхен пред 60-тина компании од различни области, главно од Баварија. Како целни сектори каде се очекува влез на германски капитал се инвестиции во производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, бизнис услуги, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.

OhridNews