Добивањето на препорака за почетокот на преговорите на Република Македонија со Европската унија и по третпат е најголемо признание за позитивниот тек за нашата евроинтеграција и доказ дека земјата напорно се движи напред кон Унијата,  оцени премиерот Груевски по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата, кој вчера веше презентиран од Европската комисија.

Груевски притоа ја коментираше изјавата на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, порачувајќи дека нема да помогне во обезбедување на притисок за решение за името, стратегијата на пренагласување на определени забелешки во однос на судството и на јавната администрација во склоп со наводниот проблем со слободата на изразување и тоа, како што наведе, во услови кога три години спроведуваме суштински реформи во овие сфери кои не биле започнати 17 години, како и со пренагласувањето на забелешките околу борбата со корупцијата, каде Македонија пет години има позитивен напредок на светската листа на Транспаренси интернешнл за борба против корупцијата од 43 места. Го посочи, и како што рече Груевски, намерното изоставување на придавката „македонски“ што нема никаква врска со оваа или било која друга влада во изминатиот период.

Како што рече Груевски, напротив, со тоа се одмогнува решавањето на главниот проблем за евроинтеграција на Република Македонија, а за кој сите се свесни дека е проблем што Република Грција го има со уставното име на земјата и со идентитетот, јазикот и националноста, кои се македонски, потенцираше македонскиот премиер.

Сепак, Груевски истсакна дека и покрај блокадата, Република Македонија напорно работи на реформите и останува посветена на евроинтеграциите. Тој дополни дека три години се работи напорно на реформите коишто Владата ги достигнува истовремено блокирана од „нерационален виртуелен спор кој не е базиран на европските вредности и стандарди кои, пак, и блокирани упорно ги остваруваме“, и притоа се вложени трипати повеќе енергија и вообичаените потенцијали за да се успее во процесот на евроинтеграциите, од кои, како што потенцираше уште еднаш, Груевски, Владата не отстапува.

OhridNews
извор: „Макфакс“