Уште пет недели остануваат го големата народна победа истакна во својот говор на 17-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на најголемата владејачка партија Никола Груевски.

-Уште пет недели до големата победа на македонските граѓани против сите оние кои ги потценуваа и со подготвени сценарија одлучија да му го земат мирот. Уште пет недели до изборите кои ќе бидат пример до сите дека не може со напишано сценарио да се урне држава и да се разнебити народ. Дека во една држава со слободоумен народ ни странски служби, ни некој кој однадвор те спремал, како што вели самиот мој политички опонент, не може да го прелаже народот. Уште пет недели кога ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе го почнеме новото време кое Македонија го заслужува. Свесни за работите и кои кај нас треба да ги промениме, но и промени на подобро во државата, преку реални проекти и мерки“, порача Груевски.

Тој додаде дека на претстојните избори ќе се избира премиер помеѓу него и Заев и побара од гласачите добро да проценат кој концепт е подобар.

OhridNews