Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.

Фејсбук статус на профилот на Никола Груевски.

 

Се уште нема потврда дали оваа порака е релевентна. Од МНР и МВР велат дека се проверува. За Телма од МВР велат дека Груевски не ја поминал границата на ниту еден легален премин.

Фото архива: Никола Груевски во Унгарија 2017

По поранешниот премиер Никола Груевски е распишана потерница за двегодишната затворска казна за случајот Тенк. Министерот Спасовски денеска најави дека полицијата ќе продолжи да го бара и на други локации, но и дека е засилено полициското присуство на излезите од Скопје и граничните премини. За тоа кој е одговорен што Груевски до сега се уште не е пронајден, Спасовски рече дека МВР го спроведува она што е наложено од судот. Телевизиските екипи се во очекување да биде спроведен Груевски во затворот во Шутка.

OhridNews

Извор: Телма