По позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, премиерот Никола Груевски во наредниот период очекува позитивни придвижувања на Македонија кон европска интеграција на Македонија.
Според Груевски, овој извештај ги рефлектира напорите и учинокот што досега беше направен и дава правци за понатаму.
– На некој начин валоризиран е нашиот труд во изминатиот период во овој извештај и дава надеж дека можеби во наредните месеци ќе имаме и други позитивни придвижувања во правец на нашето европско интегрирање, изјави Груевски.
во однос на датумот за почеток на преговорите, премиерот вели дека Владата ќе продолжи со напорите во однос на реформите, но дека треба да се почека извештајот.
– Се разбира, нашата цел е да се започнат преговори, но треба да се почека за да се види што ќе се случи, бидејќи на крајот на краиштата тоа не зависи само од нас. Да зависеше само од нас веројатно некаде во 2009 година ќе ги започневме преговорите, рече Груевски.












