Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со своето семејство ќе оди на летување во Турција, соопштија од партијата. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, каде што ќе престојува во приватна режија и аранжман“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На почетокот на јули, Груевски со сопругата, двете деца и со неговата мајка престојуваше на островот Сицилија, во Италија, а од партијата соопштија дека таму бил на свадба на негов близок пријател.