Македонскиот премиер Никола Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, информираа од кабинетот на Груевски. Притоа се наведува дека годишниот одмор шефот на македонската влада го започнал на 9 август, а времетраењето на одморот предвидено е да изнесува 10 дена.
Одморот ќе го помине на две места, едното во близина на Бодрум, другото во близина на Фетије, по половина од времето, се вели во соопштението.
OhridNews
извор Макфакс