
Така, Македонија би можела во наредите месеци да има две изборни гласања. Сега сме во многу непријатна ситуација како единствена од четирите големи партии која излегува на избори, рече Груевски и додаде дека неговата партија сака заслужена победа. Меѓународната заедница, генерално, не одобрува избори да се одржат на петти јуни, но никој до сега не наоѓа уставни мерки за тие да се доложат, вели Груевски.
Франс прес потсетува дека ситуацијата во Македонија се заостри на 12-ти април со одлуката на претседателот Иванов да амнестира повеќе од 50 луѓе, меѓу кои и Никола Груевски, кои можеби се вмешани во огромен скандал со нелегално прислушување и корупција. Франс прес пишува дека Груевски, кој би можел да се врати на премиерското место, зборуваше и за финанскиското влијание на мигрантската криза врз неговата земја, која ФП ја нарекува, една од најсиромашните во Европа. Во интервјуто Груевски рече дека земјата е се помалку способна директно да ги финансира трошоците за полицијата, војската и опремата.
OhridNews
извор: „Телма“











