Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во недела во Охрид ќе одржи седница на која ќе присуствува комплетното претседателство на партијата.

На седницата ќе присуствува и лидерот на партијата, Никола Груевски, кој според се’ уште непотврдени информации е предвидено да даде изјава за медиумите.

Засега освен седницата на Централниот комитет не се најавени други активности на премиерот. Средба со него побараа д градоначалниците на Охрид и Струга за да го информираат за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, кои како што е најавено на оваа тема во вторник во Скопје ќе разговараат со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески..

OhridNews