
-Знам дека можеби дел од Вас не добија шанса да се вклучат и да придонесат, се трудевме да вклучиме што повеќе, но знам и дека секој кој има волја и желба, знаење и спремност за работа, ќе добие шанса по повторното враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Република Македонија кое ќе се случи брзо. Дотогаш, ќе ги зацврстиме и збиеме нашите редови, ќе се преброиме и прочистиме, и ќе го изанализираме нашето работење и нашите пропусти и грешки, но и нашите добри политики и исправни одлуки кои треба да продолжат, ќе развиеме и нови идеи и програми за развој на Македонија, ќе продолжиме да се бориме за Македонија и за подобар живот во неа и од сегашната позиција, која што ја имаме, и повторно со победа ќе се вратиме на чело на државата и ќе ја предводиме Македонија напред. – истакна Груевски.
Тој ја критикуваше новата власт дека во првите 40 дена ништо нема направено, освен што остварува средби со странски дипломати.
Овие досега направија 80 средби со амбасадори. Средбите со амбасадорите не се лоша работа, но неможе влада да се сведе само на тоа. Ја исчистиле гаражата во владата. Многу јака реформа. Се утепаа од фалење со фотографии ја исчистиле гаражата во владата, многу аир ќе види народот од тоа. Ветуваа отворени дебати за се. Отидоа во Бугарија, нешто договорија тајно во еден ден, и не кажуваат никому во нашата земја, а истовремено во Бугарија гледаме дека слават. Дај нека кажат што е договорено, па ако е за славење и ние да удриме на славење, можеби е нешто за славење. Но фактот што кријат укажува на нешто друго. Отидоа во Грција со план и ветување дека ќе ги шармирале и со обвинување дека заради ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не се решавал проблемот со името и ние не сме сакале земјата да ја внесеме во ЕУ и НАТО. Се вратија попарени, и ни објаснија дека не било до некаков инает на ВМРО туку Грција бара работи кои им е незгодно на овие нашиве барем да ги соопштат на граѓаните, особено сега пред локалните избори, па објавија дека името ќе го решеле догодина односно по локалните избори. По грчки кажано, ЕУ и НАТО – аврио. – рече Груевски.
OhridNews











