Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски продолжува со теренските посети на населени места низ Македонија. Викендов беше во посета на струшкиот регион. Првото место кое Груевски го посети во струшкиот регион беше селото Дрслајца, каде изврши увид, на патот, каде во тек се градежни активности. Груевски се сретна и со жителите на Лабуништа, со кои разговараше за проблемите со кои се соочуваат.
– Лабуништа е големо место, имаше потреба од изградба на спортска сала, таа изградба тргна, но по неколку месеци запре поради геодетски работи, кои што требаше да се средат. За жал, новата влада подоцна со донесувањето на ребалансот ги укина средставата за спортскта сала и најверојатно тоа ќе биде нешто што ќе го почека враќањето на ВМРО-ДПМНЕ за да заврши. Во Лабуништа се заврши со изградбата на здравствениот дом, но тој не се екипираше со луѓе, опремата е набавена, но не се екипираше со вработени, така што се надевам дека во иднина барем тоа ќе го заврши новата влада, изјави Груевски.
Груевски ги посети и селата Боровец и Јабланица.
OhridNews












