Изградба на ново пристаниште, индустриско-технолошка развојна зона, подобрување на инфраструктурата и голем број дуги проекти вети премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, доколку граѓаните во недела му ја дадат довербата на канндидатот за градоначалник Д-р Владо Кочоски.

Груевски денеска ја посети Струга и заедно со кандидатот Кочоски се прошета покрај Дримот и низ центарот на градот. Тие остварија непосредни средби со граѓаните со кои поразговараа за проблемите со кои тие се соочуваат, како и за проектите предвидени за Струга.

-Планираме една сериозна промена, подобрување на Струга, враќање на вистинскиот колосек. Нормално за тоа во недела ни е потребна масовна, 100-процентнта излезност и поддршка на Д-р Владо Кочоски за градоначалник на Струга. Да се повтори она што беше во првиот круг, ако може и помасовно од тоа. Тој ќе биде градоначалник за сите, ќе се грижи за сите, без разлика кој од која етничка заедница е, партија, вера. Ќе биде еден за сите. Струга е мултиетничка општина и градоначалникот ќе се грижи за сите градејќи и правејќи дела за Струга да ја направи многу поубаво место за живење.-изјави Груевски.

Кандидатот за градоначалник, Д-р Владо Кочоски, истакна дека во неговата изборна програма внесени се датуми, финансиска конструкција и рокови за реализација на зацртаните проекти.

-Во последните 8 години Струга не само што тапка во место туку се уназадува. Јас ќе го прошетам господинот премиер со мене да види каква е Струга и ќе го поканам после мојот мандат од 4 години да види каква ќе биде понатаму. Ги повикувам моите сограѓани во недела да излезат што помасовно за навистина да бидеме победници.-истакна Кочоски.

Д-р Владо Кочоски на локалните избори во Струга настапува како заеднички кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

OhridNews