За разлика до останатите групи, А Групата (Полска, Русија, Грција и Чешка) е изедначана по квалитет. Нема селекција која се двои како фаворит или репрезентација што се смета за аутсајдер. Но кога ќе погледнеме години, години наназад Групата А не е ни малце наивна.

Русија и Чешка знаат да изненадат и да остават одличен впечатокот на големи натпреварувања. “Зборнајата“ на континеталниот собир во Австрија и Швајцaрија во 2008 година беше елиминирана од Шпанија во 1/2 финалето, која потоа го освои турнирот.


Чешка на ЕП во Англија 1996 покажа како се игра модерен фудбал. Непреминлива пречка за “чесите“ тогаш беше Германија која во финалето триумфираше благодарение на “златниот гол“ на Оливер Бироф.

Грција ја шокираше Европа и светот освојувајќи го ЕП во Португалија во 2004 година. Ултра дефанзивната тактика на Рехагел донесе историски успех за нивната селекција.

Домашниот терен и “лудите“ навивачи на полска репрезентеција ќе бидат главен двигател на нивните успеси. Полјаците имаат доста квалитетни фудбалери во својот состав кои успешно се натпреваруваат во Премиер и Бундес Лигата.

Распоред на мечеви во групата : 

1. коло 8 јуни
Полска  – Грција 18:00ч
Русија – Чешка 20:45ч
2. коло 12 јуни  
Грција – Чешка 18:00ч
Полска  – Русија 20:45ч
 
3.коло
16 јуни  
Грција – Русија 20:45ч
Чешка – Полска 20:45ч

Мх.П.