Десет дена преостануваат од почетокот на најголемото натпреварување од светски рамки, а тоа е фудбалскиот Мундијал, кој овој пат ќе се одржи по јубилејен 20-ти пат во Бразил, Јужна Америка.
Токму домаќинот ќе ја има чест да го отворат Светското првенство кое ги поместува сите спортски граници.
Покрај „кариоките“ во Групата А се наоѓаат Мексико, Камерун и Хрватска селекции кои имаат доста квалитетни фудбалери во своите редови.
Репрезентацијата на Бразил, која е една од фаворите за тронот сигурно ќе „резервира“ едно место од двете места кои водат во нокаут фазата.
Борбата ќе биде за „втората“ позиција меѓу трите селекции кои ништо чудно да им ги замрсат сметките на „кариоките“.
Распоред :
Прва рунда :
12 јуни : Бразил – Хрватска (22:00часот)
13 јуни : Мексико – Камерун (18:00ч)
Втора рунда :
17 јуни : Бразил – Мексико (21:00ч)
18 јуни : Камерун – Хрватска (00:00ч)
Трета рунда :
23 јуни : Хрватска – Мексико (22:00ч)
23 јуни : Бразил – Камерун (22:00ч).
Часовите на одигрување на мечевите кои се во заградите се локалното време во Македонија.
Мх.П.