На 11 јуни, на Олимпико во Рим, ќе започне долгоочекуваното Европското првенство во фудбал, кое требаше да се одржи минатата година но поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе се одржи ова лето.

Спортската рубрика на интернет порталот OhridNews низ разно разни најави, интервјуа, текстови и анализи ќе се погрижи еуфоријата од континенталниот собир да ја пренесе помеѓу читателите. Деновиве во фокусот ќе ни биде најавата на шесте групи, во кои се распределени 24-те селекции учеснички на ЕП. Прва на менито ќе биде група А, каде се сместени Италија, Турција, Велс и Швајцарија.

„Азурите“, според сите параметри се фаворити и отскокнуваат во групата А. Но трите преостанатите селекции со своите игри изминативе десеттина години покажаа дека можат да бидат незгодни ривали на фаворитите.

Италија има квалитет, а пред се искуство од големите турнири. Италијаните се освојувачи на една титула од Европските првенства, а четири од Светските, што ги сместува во потесните фаворити за медал.

Турција како држава и селекција живее за успехот на фудбалот. Турците се на светот би дале за голем на успех на ЕП, а имаат едни од најжестоките навивачи, кои се ветар во грб на репрезентативците. Велс на минатото Европско првенство во Франција стигна до полуфиналето, покажувајќи дека има квалитетна селекција, додека Швајцарија констатно е дел од големите собири, без разлика дали е Европско или Светско првенство.

Пласман во нокаут фазата обезбедуваат најдобрите две пласирани селекции на табелата и четирите најдобри трети од шесте групи.

  • Распоред

1 рунда:

11 јуни: Италија – Турција (21ч)

12 јуни: Велс – Швајцарија (15ч)

2 рунда:

16 јуни: Турција – Велс (18ч), Италија – Швајцарија (21ч)

3 рунда:

20 јуни: Швајцарија – Турција (18ч), Италија – Велс (18ч)

 

Мх.П.