Франција на последното Светско првенство не се прослави, натпреварувањата ги заврши уште во групната фаза. Разорот и нетрпеливоста помеѓу главните фудбалери во составот беа главна пречка за французите на СП во 2010.
Со назначувањето на Лоран Блан за селектор на француската репрезентација започнаа и промените во составот на “триколорите“. Подмладувањето беше очигледно, главни ѕвезди на селекцијата се Насри, Рибери, Бензема подржани од искуствотот на Евра, Малуда како и голманот Лорис.
Ако “триото“ се разигра и даде максимум на континеталниот собир, поранешниот фудбелер во “златната генарација“ сега селектор Лоран Блан ќе нема никави главоболки и проблеми на ЕП.
Селекцијата на Англија на Европските или Светските првенства е приказна со тажен крај. Пред почетокот секогаш важат за еден од главните фаворити за освојување на титулата но секогаш неславно завршуваат. “Гордиот албион“ по пауза од осум години се враќа на европската сцена откако на ЕП 2008 година не обезди пласман на завршницата.
Англичаните во квалификациите ги предводеше италијанецот Фабио Капело кој фуриозно избори пласман на ЕП. Следуваше “аферата“ на Џон Тери, на кого му ја одзедоа капитенската лента а потоа отстранување од селекцијата. За искусниот стратег Капело тоа беше премногу и замина од селектор на англиската репрезентација. Негов наследник е Рој Хоџсон, кој со големи проблеми се соочи пред ЕП.
Поради повреди од составот отпаднаа, Лампард, Бери и Кејхил додека голема прашина се крена околу изистувањето на Рио Фердинанд. Адутот на англичаните Вејн Руни поради црвен картон заработен на мечот со Црна Гора ќе паузира два натпревари.
Дали може и има сила Англија заедно со Хоџсон да го преброди тој психолошки притисок и конечно во лулката на фудбалот да го осетат мирисот на пехарот од Европското првенство останува да видиме на престојното ЕП во Полска и Украина ??
Шведската репрезентација никогаш немала позначаен пласман на ЕП, но секогаш настапува на големи натпреварувања. “Викинзите“ располагаат со квалитетен состав, голем дел од фудбалерите кои ги бранат боите настапуваат во силни лиги ширум Европа.
Играта на швеѓаните им се базира на робусниот напаѓач Ибрахимовиќ. Но не смее да се заборави и на Елмандер кој одлично настапува во Галатасарај. Поседуваат искусен голман, во името на Исакасон а имаат солидна и цврста одбрана. Ништо нема да е случајно ако “викинзите“ им ги замрсат сметките на Англија и Франција за пласман во најдобрите осум.
Последна селекција во Групата Д е домаќинот на Европското првенство Украина. Адут на “жолтите“ ќе биде домашниот терен и френетичната украинска публика. Втор адут на “жолтите“ е искусниот и воигран состав. Поголем дел од фудбалерите на селекцијата се членови на Шахјотр и Динамо Киев кој се едни од водечките екипи во украинското првенство.
Со малку среќа и “фајтерска“ игра Украина може да ги изненади “големите“ селекции Англија и Франција.
Распоред на натпревари во групата :
1.коло | 11 јуни | |
Франција | – Англија | 18:00ч |
Украина | – Шведска | 20:45ч |
2.коло | 15 јуни | |
Украина | – Франција | 18:00ч |
Шведска | – Англија | 20:45 |
3.коло | 19 јуни |
|
Шведска | – Франција | 20:45ч |
Англија | – Украина | 20:45ч |