Во тек се изборите за членови на месни одбори во ограноците и делегати за Собранието за мандатниот период од 2023 го 2027 година во З.П. Охрид и Дебрца. Од група на незадовони пензионери со обвинување за бројни нерегуларности при изборите, меѓу нив посочувајќи го и денешниот закажан, а не одржан состанок на кој требало да се изберат членови за месниот огранок Центар.

Направени се многу неправилности од страна на старото раководство за кои и денешниот случај каде требаше да има состанок во месниот огранок Центар и кој требаше да се одржи во Клубот на пензионери. Во салата беа присутни над 70-80 пензионери и одненадеш се појави првиот човек кој раководи во моментот, Ѓорѓи Трпчески, и луѓето кои му се десна рака. Влегоа во салата и кажаа дека состанок е веќе одржан на 15 февруари и обраќајќи се со погрдни зборови кон пензионерите со што ни го наруши угледот и достоинството и влегуваше во дуел со секој пензионер.

Велат има бројни нерегуларности и при изборот во другите месни ограноци, каде на состаноците да присуствуваат не се известени сите пензионери, туку само, велат, нивните блиски за да изберат делегати кои нив им одговараат за да се заштитат самите бидејќи имаат правено доста криминал.

Посочуваме старото раководство да го напушти пензионерското друштво, бидејќи ги манипулираат пензионерите повеќе од 20 години. Подготвени сме во секој момент да поднесеме кривични пријави, да се изврши финансиска контрола за нерегуларностите за кои имаме и видливи докази, додаваат.

Претседателот на З.П Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески вели неоправдани се обвинувањата бидејќи имаат Статут и Правилник по кој се одржуваат изборите.

Точно е дека е одржан состанок претходно во присуство на други пензионери и избрани се членови и делегат. Изборот е регуларен, имаме Изборна комисија која составува записник и извештај, а тоа што ова на некој не му одговара е нивен проблем. Денешниот состанок што тие го бараа не се одржа, тие дојдоа непоканети. Но, претходно беше одржан состанок на кој беа избрани членови на месниот одбор. Сега ќе има состаноци и во другите месни ограноци каде ќе се врши избор на членови и делегат за во собрание, вели Трпчески.

Н.С.Ј.