Актуелниот светски и европски првак е главен фаворит за освојување на европската круна во Полска и Украина. Групната фаза “црвената фурија“ ја помина со 100 % учинок победувајќи осум натпревари.
Голем пех за селекторот Винсент дел Боске е отсуството поради повреда на Карлес Пујол и напаѓачот Давид Виља, но шпанската селекција располага со голем број на фудбалери кои ги заменат овие клучни алки во репрезентацијата.
Италија во каков бил состав да отпатуваат на големи натпревари, секогаш го ваѓаат максимумот. Заштитен знак на “азурите“ е играта во одбрана или популарното “катанаџо“. Селекторот на Италија, Чезаре Прандели најавува комплетно променен стил на игра на престојното ЕП.
Од освојувањето на светската титула во Германија 2006 година, Италија нема забележано добар резултат. На континенталниот собир во Австрија и Швајцарија 2008 година, испаднаа во 1/4 финалето додека на СП во Јужна Африка натпреварувањето го завршија во групите. Како и да е Италија е фаворит од “втор план“ за европската титула на ЕП во Полска и Украина.
Хрватска потешко од очекувањата се пласираше на завршницата од ЕП. “Коцкастите“ во бараж средбиде им се реваншираа на Турција за трогателното испаѓање на ЕП во 2008 година.
Селекцијата на Хрватска во своите редови има доста квалитетни фудбалери, останува само селекторот Билиќ да ги намести “коцките“ и да направат еден чекор подалеку од оној четвртфинален во 2008 година на ЕП во Австрија и Швајцарија. Повредата на Олиќ на пријателскиот натпревар со Норвешка, ќе остави голема празнина во нападот. На местото негово е повикан поранешниот фудбалер на Блекбурн, Калиниќ.
Скромен втор настап за репрезентацијата на Република Ирска на завршница од Европско првенство. Првиот “зелените“ го запишале пред 24 години во Западна Германија. Република Ирска не е репрезентација која е за потценување.
ЕП во Полска и Украина е последна шанса за селекторот на ирците Џовани Трапатони, и за плеада на фудбалери како голманот Гивен, капитенот Роби Кин, Џон О`ши, Демиен Даф и Ричард Дан да остават белег во ирскиот дрес.
Распоред на натпревари во групата :
1. коло | 10 јуни | |
Шпанија | – Италија | 18:00ч |
Р. Ирска | – Хрваска | 20:45ч |
2. коло | 13 јуни | |
Италија | – Хрватска | 18:00ч |
Шпанија | – Р. Ирска | 20:45ч |
3.коло | 16 јуни | |
Хрватска | – Шпанија | 20:45ч |
Италија | – Р. Ирска | 20:45ч |