Групната фаза од Европското првенство
заврши, осум селекции изборија пласман во 1/4 финалето. Меѓу нив немаше
место за домаќините на континеталниот собир Полска и Украина.

Во решавачкото трето коло стрелците не
беа расположени за тресење на противничките мрежи. Но важноста на
мечевите си го направи своето во осум натпревари постигнати се 14 голови
или во просек 1,75 гол по натпревар. Во првото коло просекот беше 2.5
погодоци по натпревар додека во второто 3.25. Вкупниот просек од
групната фаза е 2.5 голови по натпревар.


Ефикасниот фудбал кој се игра на
ЕП во Полска и Украина е поткрепен со фактот дека во групната фаза ниту
еден натпревар не заврши без голови. Ова се случува прв пат после 24
години од ЕП во Германија 1988.


Како и во второто коло, така и во третото пенали немаше но имаше
еден црвен картон. На мечот од групата В помеѓу Италија – Република Ирска, црвен картон заработи
Кејт Ејндрус од репрезентацијата на Ирска.

Мх.П.