Ремито со Турново 1-1 значеше чекор назад за охридскиот фудбалски колектив. Позитивно од она што може да се издвои е дека Охрид не претрпе пораз во директните дуели со противниците за опстанок. Шансата за опстанок ќе ја бара на последните четири меча.

Бубоња 3 – Втор меч во низа, сигурен на охридскиот гол. Скорти неколку удари на гостинските фудбалери. Нема што да му се забележи на гостинскиот еврогол.

Вељаноски – Џалески 2,5  Добри во дефанзивните задачи, затаија во нападот. Капитенот Џалески мака мачи кога игра по десната страна. Вељаноски имаше еден добар удар кој заврши во корнер.

 

Иловски – Бошковски 3 – Одлична партија на дефанзивниот двоец во одбраната. Затоворен “горостасот“ Попин, неколку пати умешно успеаваа да ја изнесат топката од својата половина.

Меди 2,5 – Недостига неговата креација во нападот. Доста претрча, добро покриваше, замалку закасна по повратната топка на Ѓуровиќ, можност која лесно можеше да ја претвори во погодок.

Брадоњиќ – Јовановиќ 2,5 – Солидно ја завршија работата во средината. “Работниците“ во охридскиот средниот ред одиграа повеќе фокусирани на рушењето на противничката игра , отколку на градењето на сопствената.

Далчески 3 – “Отсутен“ во првиот дел од вториот дел од сезоната. Се “појави“ во вистинско време за охридскиот тим. Стрелец на голот, кој е трет за него сезонава.

Клечкароски 2,5 – По подолго време солиден меч за човекот од кого се очекуваат голови. Не доби вистински употреблива топка. Имаше неколку обиди но не успеа да ја погоди целта.

Ѓуровиќ 3 – Повторно најопасен играч во охридскиот тим. Беше постојана закана за голот на Димоски, асиситираше при голот на Далчески. Да беше поприсебен по додавањето на Каланоски, можеше да му донесе на Охрид, огромни три бода.

Каланоски 2  – Старт од клупата за младинскиот репрезентативец. Имаше една добра дијагонала кон Ѓуровиќ. Неколку пати претера со солирањето, а имаше и тоа како непрецизни удари кон гостинскиот гол.

Китрозоски – Дејкоски  2  Нивното влегување не го даде посакуваниот ефект, освежија но доволно за да се забележи триумф.

М.П.