Mакедонскиот репрезентативец  Марио
Ѓуровски ги започна подоготовките со третопласиранио тим во српското првенство
Војводина. 

Подолг период Ѓуровски е во
центарот на вниманието со негов евентуален трансфер од српскиот клуб. Како
најсериозна понуда се сметаше онаа од грчкиот Ерготелис, но по шпекулациите за
интерсот од германскиот Вердер, пропадна таа можност.

Ѓуровски во неколку наврати најави дека сака да го напушти клубот со кој
има договор уште шест месеци. Тимот од Нови Сад одреди обештетување во висина
од 150 илјади евра за онај кој ќе е заинтересиран да го види во своите редови
офанзивниот играч за врска.

На подготовките за старот на втората етапа редовно се појави и вториот
македонски репрезентативец  Даниел
Мојсов.

М.П.