Во деветто полуфинале португалскиот стратег Жозе Мурињо го загуби седмото и остана без пласман во финалето, а според селекторот на Македонија, Бошко Ѓуровски пристапот на игра бил погрешен.

Искуството беше на страна од Челси, но очигледно желбата за победата беше голема кај Атлетико Мадрид.
– Ме изненади Атлетико Мадрид со решителноста во играта на Стемфрод бриџ. Иако јас мислев дека Челси ќе мине понатаму бидејќи на нивната страна беше искуството сепак Атлетико покажа дека победува тој што повеќе ја посакува – додаде Ѓуровски.
За медалот во најеминетното натпреварување ќе се борат мадридските ривали Атлетико и Реал.
– Во финалето од ЛШ мој фаворит ќе биде Атлетико Мадрид. Двата тима ја заслужуваат титулата, но поради стилот кој го негуваат и фудбалот кој го играат со срце тие ја заслужуваат титулата – заклучи селекторот.
Мх.П.











