Репрезентативецот на Македонија и организаторот на играта на Војводина Марио Ѓуровски е на чекор до потпишување на договор со фудбалскиот клуб Кавала од Грција.


Везниот играч е желба на новиот стратег на Кавала, Драган Окука. Клубот од Нови Сад му даде зелено светло на Ѓуровски во случај на подобра понуда од надвор.

Со гол и асистенција синот на прославениот Милко Ѓуровски, дебитираше за македонската репрезентација на мечот со Азербејџан при победата од 3-1.

М.П.