Поранешниот фудбалер на Партизан и Црвена Звезда, Милко Ѓуровски е кандидат да го преземе разнишаното кормило на Партизан откако оставка поднесе Станоевиќ.

Ѓуровски за клупата на “црно белите“ ќе преговара деновиве со неговиот менаџер поранешниот репрезентативец на Македонија, Виктор Треневски.

Екс репрезентативецот на “црвено жолтите“ Ѓуровски нема некој поголем успех во тренерски води, а во својата кариера ги има водено Вардар, Беласица, словенскиот Марибор и Нафта. 

Мх.П.