Откако не успеа да го напушти српскиот фудбалски клуб Војводина во јануарскиот преоден рок, македонскиот репрезентативец Марио Ѓуровски, најверојатно, ќе биде префрлен во младинскиот тим на клубот од Нови Сад.


    

Статусот на Ѓуровски во Војводина е неизвесен затоа што не ги помина зимските подготовки со тимот во Црна Гора и затоа што не го продолжи договорот со клубот, кој му истекува во јуни годинава.

– Подготвен сум како да сум ги поминал зимските подготовки. Договорот ми истекува во јуни и најверојатно ме чека истата судбина како и голманот Кесиќ, кој тренира со младинскиот тим. Мали се можностите да се приклучам кон првиот тим – кажа Ѓуровски.

Повеќе за својата судбина во Војводина Ѓуровски ќе знае по состанокот со претседателот на клубот Ратко Буторовиќ, јавија српските медиуми.

Ohridnews