Фудбалската репрезентација на Македонија во дебито на селектор Бошко Ѓуровски ја совлада Летонија со 2-1 во контролниот натпревар на „Филип Втори“, но одигра две различни полувремиња.

Покрај забелешките селекторот Ѓуровски, кој дебитираше со победа на македонската клупа е задоволен од успешниот настап против Летонија.
– Од резултатот секако дека сум задоволен а и среќен. Репрезентативците покажаа победнички дух и покажа дека сакаат да го носат националниот дрес на нашата земја – заврши Ѓуровски.
Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.










