Македонскиот репрезентативен играч за врска Марио Ѓуровски најверојатно ќе ја продолжи кариерата во грчки Ерготелис, клубот каде што член беше и поранешниот вардарец Драган Начевски.
Ѓуровски, поради еден непромислен потег, се најде во втор план во Војводина, па единствен избор што му преостана беше интернационална кариера.
Синот на легендата Милко Ѓуровски, според најавите од Србија, имал понуди и од други клубови во Грција, потоа германски, белгиски и холандски екипи, но засега Ерготелис е во предност оти има конкретна понуда.
– Станува збор за вистинска конкретна понуда и, според сé, ќе одам во Грција, во Ерготелис. Имам информации и за други клубови, но конкретни понуди нема. Со Ерготелис сум од порано во контакт и сега се чека само договор на двата клуба. Верувам дека ќе ја сменам средината зимава – вели Ѓуровски.
Младиот играч за врска беше едно од освежувањата во селекцијата на Македонија годинава, кога и дебитира за националниот тим.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.