Се додека прв човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е Харалампие Хаџиристески не ме интересира ангажман во македонската фудбалска репрезентација, изјави Бошко Ѓуровски, помошникот-тренер во јапонската Нагоја, за кој се шпекулира дека е можен кандидат за селектор. – Ќе прифатам разговор кога ќе замине оваа раководна гарнитура, која го уништи македонскиот фудбал со носењето странски селектори – вели Ѓуровски.










