Никола Буџакоски, Јован Цветковски и Томе Укоски- се тројцата наградени учесници на Комедијадата „Ѓурултии отпростум“, која за прв пат се оддржа во Центарот за култура „ Григор Прличев“. Буџакоски го освои првото место, Цветковски- второто и Укоски- третото место. Победниците беа наградени со уметнички слики со ликот на Св. Климент Охридски.


Буџакоски, Цветковски и Укоски беа меѓу средношколците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ и Економското училиште кои пред охридската публика се претставија со кратки комични сценски изведби. За тоа кој ќе ги понесе наградите за најдобар комичен настап одлучуваше жири комисија во состав: Никола Тодороски- актер,  Стрезо Стаматоски- актер и Стојан  Буџакоски- професор по македонски јазик и литература.


Натпреварот во комедија е дел проекната активност Драма, а во организација на професорите: Светлана Огненова, Светлана Голабоска, Стефан Каневче и Ирена Бачиќ.

OhridNews