Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, во зимски услови,  по претежно влажни коловози.

Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри е забележана на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка каде се препорачува поголема внимателност на возачите.. Слаби врнежи од снег се бележат во Битола, Ресен, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Исто така се препорачува внимателност на патните правци низ клисурите и планинските превои во земјава, каде е зачестена појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар – Струга, додека зачестена е појава на одрони на Кочани-Делчево и Виница-Берово.

OhridNews