Шпанскиот стручњак на клупата од „баварците“, Пеп Гвардиола не штедеше пофални зборови за Атлетико Мадрид по првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампиони кој го добија „црвено белите“ со 1-0.


– Мора подобро да го анализираме нашиот противник и да го сватиме сериозно предизвикот. Не успеавме да им постигнеме гол. Тие го имаат победничкиот рецепт во својата екипа. Имаат добар голман, се бранат со повеќе играчи и што е најважно многу се движат. – рече Гвардиола.


Натпреварот на „Винсенте Калдерон“ го реши Саул Нигуез со фантастичниот погодок по соло продорот во 11-та минута.

– Атлетико Мадрид лансираше уште еден талент, а Шпанија доби уште еден голем играч. Среќен сум поради него и неговиот погодок. Наша задача во реваншот ќе биде да ја убрзаме играта и да им направиме поголеми проблеми во одбраната. – заврши Гвардиола.

Возвратниот меч во 1/2 финалето на Лигата на Шампиони се игра следниот вторник на Алијанц Арената.

OhridNews