Европскиот првак Баерн Минхен и шпанскиот стратег Хозе „Пеп“ Гвардиола ја официјализираа соработката која според договорот треба да трае три години.

Поранешниот стратег на Барселона, кој една сезона одмараше од фудбалот на преставувањето рече : Времето минато во Барселона за мене беше прекрасно,  но мене ми требаше нов предизвик, а тоа го најдов во Баерн Минхен. Богатата историја и големата традиција беа одлучувачки за мојот ангажман во германскиот гигант. Минатата сезона „баварците“ освоија се што можеа, а јас се надевам дека така ќе продолжиме во наредната сезона.

Легендата на германскиот Бундеслигаш, Карл Хајнц Румениге беше мошне задоволен по преставување на Гвардиола во јавноста.

– Без разлика кој е тренер на Баерн Минхен, целта наша секогаш се трофеите. Мораме да одржиме континуитет во Бундес лигата, но сепак многу внимание ќе посветиме и во Лигата на Шампиони –
посочи Румениге.

Мх.П.