Пеп Гвардиола го доведе првиот фудбалер во Баерн Минхен од својот поранешен тим Барселона а тоа е Тијаго Алкантара.

22-годишниот фудбалер беше на чекор од Манчестер Јунајтед, но во последен момент „баварците“ ја исплатија оштетата од 25 милиони евра и го доведоа на „Алијанц Арената“.

Алкантара, кој потекнува од фудбалската школа „Ла Масија“ вниманието кон себе го сврте по добрите игри на ЕП во Израел кое му припадна на Шпанија, а тој беше прогласен за најкорисен фудбалер.

Мх.П.