Шпанскиот стратег на клупата од Баерн Минхен, Пеп Гвардиола го изостави Марио Манџукиќ од составот кој треба да ги одмере силите со Борусија Дортмунд во финалето од Купот.

Кога самиот хрватски репрезентативец побарал причина за неиграњето во финалето Шпанецот му рекол „Барај си нов клуб и многу среќа таму“.
Околу иднината на Манџукиќ почна да се пишува кога Роберт Левандовски го потпиша пред договорот со Баерн Минхен.
Тој на Алијанц Арена пристигна од Волфзбург и веднаш стана ударна игла во нападот на „баварците“, но се поизгледно е дека ќе го напушти тимот со кој освои две титули во Бундес лигата и една во Лигата на Шампиони.
Мх.П.











