Третата година по ред Пеп Гвардиола со минхенски Баерн мечевите во Лигата на Шампиони ги завршува во полуфиналето и трет пат непреминлива пречка се екипи од неговата родна земја Шпанија.


Првата година на клупата од „баварците“, Гвардиола и неговите пулени елиминирани беа од Реал Мадрид, сезона подоцна од Барселона, а сега од Атлетико Мадрид.

Во минатите две години екипата што го елиминираше Баерн Минхен во 1/2 финалето стануваше шампион на Европа, а на таква традиција се надева и Атлетико Мадрид.


Следната сезона Гвардиола ќе го предводи Манчестер Сити со надеж дека ќе стави точка на шпанскиот комплекс кој го прати по заминувањето од Барселона.

OhridNews