По официјалното претставување на Хозеп Гвардиола за тренер на Германскиот гигант Баерн Минхен, шпанскиот стратег веднаш се фати за работа и ја скрои трансфер листата за наредната сезона.


Прва и најголема желба на Гвардиола е фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал. Чилеанецот со беспрекорната броба на средината од теренот му оставил силен впечаток на Гвардиола. Втор фудбалер кој се најде на листата желби е напаѓачот од лутиот ривал Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски.

Гвардиола истакнал дека сака и еден дефанзивец, но не го открил неговото име. На клупата од “баварците“, Гвадриола ќе седне од сезоната 2012/13, а до тогаш првиот збор ќе го има сегашниот тренер Хуп Хејнкенс.

Мх.П.