Новиот менаџер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола не го менува рецептот, кој му донесе многу трофеи додека беше тренер на Барселона. Тој се одлучи на фудбалерите да им даде целосна слобода во соблекувалните и да можат да говорат што сакаат.

– Соблекувалните се простор намените за потребите на тренерите. Таму играчите се забавуваат и прават муабет за се и сешто. Не сакам да се плашат што ќе прават додека сум внатре, нека ме критикуваат и говорат за мене, тоа неможам да им го забранам – рече Гвардиола.

Шпанецот одисејата на клупата од Баерн Минхен ја започна со пораз од Борусија Дортмунд во финалето од Супер купот на Германија.

Мх.П.