Новото достигнување на Лионел Меси во дресот на Барселона, Гвардиола го спореди со достигнувањето на Мајкл Џордан во кошарката. Аргентинецот на 24 години, стана најдобар стрелец во историјата на Барселона, со 234 погогоци.


На прсти се бројот спортистите како Меси, кои имаат целосна доминација во спортот каде што се натпреваруваат. Меси е најдобар а тоа ни го покажува на секои три дена, нека ме извинат другите фудбалери, но тоа е тоа – истакна тренерот на Барселона, Хозе Пеп Гвардиола.


Чудото од дете Меси со хет трикот на мечот со Гранада го помина Цезар кој имаше постигнато 232 погодоци во целата кариера, а Меси неговиот рекорд го достигна на 24 години.

Мх.П.