Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, почна преговори со челниците на Баерн за преземање на клубот во сезоната 2013/2014 година. Како што  пишува „Билд“, најтрофејниот тренер во историјата на каталонскиот клуб, оваа сезона нема да води ниеден фудбалски тим, но веќе од следната сезона 2013/2014 година, ќе го преземе Барен.

Преговорите се во тек, а Гвардиола треба да го замени Хејнкес на клупата на финалистот од Лигата на шампиони од минатата сезона.Кристијан Нерлингер, директорот на Баерн, бил присутен на последниот натпревар меѓу Атлетик Билбао и Барселона во финалето на Кралскиот куп. Преговорите ги води братот на Пеп, Пере, кој воедно е и негов агент.

Извор “макфакс“
Ohridnews