Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, е прогласен за најдобар стратег на светот во изборот на Институтот за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Тренерот на актуелниот шпански, европски и светски првак, според Институтот, убедливо го освои признанието пред ланскиот лауреат Жозе Мурињо. На третото место заврши менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој оваа награда ја освои во 2008 година.
Топ 5 листата на најдобрите светски тренери ја заклучија Андре Вилас-Боаш од Челзи и Роберто Манчини од Манчестер Сити. Изненадување на листата е тренерот на Иван Тричковски во АПОЕЛ, Иван Јовановиќ, кој заврши на високото седмо место.
Меѓу 18-те тренери кои добија гласови од жирито, 11 стратези се од Европа, петмина се од Јужна Америка и по еден од Африка и Средна Америка. Национално најзастапени се Португалците и Германците, по тројца, додека гледано по националните првенства, четворица работат во Премиер лигата, а по тројца работат во Германија и Шпанија.
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com