Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола нема сам да го напушти Баерн Минхен туку со себе во Манчестер Сити ќе го земе и Тијаго Алкантара.


Тијаго, беше прво засилување на Гвардиола во ерата од Баерн Минхен, а истото ќе се повтори и на Етихад.

Трансферот на Тијаго во Премиер лигата го подгреа доведувањето на Ренато Санчез на „Алијанц арената“ од тимот на Бенфика.

Германскиот весник „Билд“ во ниту една комбинација не го сврсти Тијаго кој имаше тешка повреда во втората сезона од вкупно трите во Баерн Минхен.

По официјализирањето на договорот меѓу Гвардиола и Манчестер Сити, Тијаго отфрли било каков интерес, но по доведувањето на португалскиот талент многу работи ќе се променат.

OhridNews