Напаѓачкиот двоец на „баварците“ Арјен Робен и Френк Рибери поради повреда ќе го пропуштат саботниот натпревар со Вердер во Бремен.


Робен и Рибери се повредија на реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони против Шахјтор, кој Баерн Минхен го доби со убедливи 7-0.

– Едноставно никој не може да ги замени Робен и Рибери. Ние загубивме квалитет на одредено време во „еден на еден“ ситуациите. Сите играчи заедно со мене на чело ќе пробаме да прикриеме нивното отсуство на дуелите кои ни престојат. – рече Пеп Гвардиола.

Сезонава, холандскиот репрезентативец игра во маестрална форма постигнувајќи 17 погодоци во 21 меч во Бундес лигата додека Рибери има послаба статистика во однос на Робен.

На мечот со Вердер шпанскиот стручњак не може да смета на Чаби Алонсо, кој ќе паузира поради жолти картони.

Ohridnews