Актуелниот европски првак, Баерн Минхен претрпе минимален пораз 1-0 на првиотполуфинален натпревар со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. Шанса за реванш „баварците“ ќе имаат во вторник кога се игра повратниот полуфинален меч.

Исто мислење со тренерот на „баварците“ дели капитенот Филип Лам – Не успеавме да ги сопреме нивните контранапади. Тие во својот состав имаат многу квалитетни фудбалери и невозможно е да ги оставиш без шанса целиот натпревар. Сакавме погодок на Сантијаго Бернабеу, но не ни одеше во нападот.
Мх.П.











